Укинато Општо oвластување на давателот на поштенски услуги БАЛКАН ПОСТ ДОО Скопје

Во согласност со овластувањата од Законот за поштенските услуги (“Службен весник на Република Македонија бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018 и 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.275/2019 и 150/2021),Агенцијата за пошти  со Решение на   13.07.2021 година  го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   БАЛКАН ПОСТ ДОО Скопје, поради неисполнување на правата и обврските по член 45 став 4 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги.

Од 13.07.2021 година БАЛКАН ПОСТ ДОО Скопје го губи статусот на давател на поштенски услуги.

БАЛКАН ПОСТ ДОО Скопје е избришан од службена евиденција за даватели на поштенски услуги  (регистарот) на Агенцијата за пошти.