Масахико Метоки од Јапонија избран за генерален директор на Светскиот поштенски сојуз (UPU)

Masahiko

На 27миот Светски поштенски конгрес земјите членки го изгласаа Масахико Метоки за позицијата генерален директор на Светскиот поштенски сојуз (UPU).

На социјалните медиуми г-дин Масахико Метоки изјави: ,, За мене е огромна чест и искрено им се заблагодарувам на земјите членки и луѓето кои ме поддржаа. Целосно ќе се посветам за светла иднина на UPU.

Новоизбраниотдиректорна UPU имаголемакариеравојавните услуги, особеновопоштенскиотсектор. Првпат се приклучи во јапонското Министерство за пошти и телекомуникации во 1983та година.Подоцна, ја презеде улогата на шеф на поштенска експозитура во поштата Нихонмацу во префектурата Фукушима, за на крајот повторно да се врати во Бирото за поштенски заштеди на Министерството за пошти и телекомуникации како директор на Меѓународната канцеларија за услуги.

Покрај искуството со пошта, г-дин Метоки соработуваше со јапонското Министерство за надворешни работи и Амбасадата на Јапонија во Тајланд. Г -дин Метоки ја претставуваше Јапонија како претседател на Советот за операции на пошти од 2012та година. Тој исто така, беше претседател на 22риот Конгресен комитет за поштенски финансиски услуги и групата за поштенски финансиски услуги на Советот за оперативни пошти.

Според правилата на UPU,се избира кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите што ги даваат земјите членкикои се присутни и кои гласаат. Во привиот круг од гласањето, г-дин Метоки освои 102 гласови, наспроти 40 гласови за Паскал Кливаз од Швајцарија и 14 гласови за Џек Хаманд од Белгија.

По објавувањето на резултатите, генералниот директор на UPU – Бишар А. Хусеин изјави: ,,Длабоко мучеститамна г -динМетоки, следниотгенералендиректорнаСветскиотпоштенски сојуз”.Тој рече дека изборите беа огромен успех и дека земјите го поддржаа г -дин Метоки да ја води организацијата во следниот циклус.

 

https://www.upu.int/en/News/2021/8/Director-General-elect-I-will-commit-all-my-strength-to-UPU%E2%80%99s-future

Image
Masahiko