БИЗНИС ДЕЛИВЕРИ 10 ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 25.10.2021 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за транспорт, трговија и услуги БИЗНИС ДЕЛИВЕРИ 10 ДООЕЛ Скопје.
Бизнис Деливери 10 ДООЕЛ Скопје претходно извести дека престанал со работа во поштенската дејност, по што следуваше губење на статусот давател на поштенски услуги и бришење на правното лице од регистарот кој го води Агенцијата за пошти, во согласност со член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија" бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.275/2019 и бр.150/2021).
Бизнис Деливери 10 ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 05.11.2020 година до 25.10.2021 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-68, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на територија на целата држава.