Омни Деливери ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 04.11.2021 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија и услуги Омни Деливери ДОО Скопје.
Омни Деливери ДОО Скопје воопшто не започнал да обезбедува поштенски услуги повеќе од една (1) година по издавањето на општото овластување од страна на Агенцијата за пошти, поради што по сила на закон, Агенцијата со Решение УП I бр.02-80 од 25.10.2021 година констатира престанок на важност на Општото овластување за обезбедување на поштенски услуги.
Со тоа следуваше губење на статусот давател на поштенски услуги и бришење на правното лице од Регистарот кој го води Агенцијата за пошти, во согласност со член 46 став 1 алинеја 2 од Законот за поштенските услуги.
Омни Деливери ДОО Скопје поседуваше општо овластување за обезбедување на поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на подрачјето на град Скопје, издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-47, во периодот од 16.07.2020 до 25.10.2021 година.