Усвоена Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година
Врз основа на член 16 став 1 алинеја 8 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021) Комисијата како орган на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на состанокот одржан на ден 22 ноември 2021 година:
þја усвои Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година.
Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година содржи:
Програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година;
Финансиски план на Агенцијата за пошти за 2022 година, и
Одлука за определување на вредноста на поенот за пресметување на годишниот надоместок за 2022 година.
Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година е основен документ на Агенцијата за пошти во која се утврдуваат мерките и активностите кои ќе ги имплементира Агенцијата во насока на уредување на својата работа и иницијативите кои ги презема за развој и унапредување на пазарот на поштенските услуги. Годишната програма опфаќа дванаесет цели, кои произлегуваат од заклучоците од процесот на тековното работење и консултации и се во согласност со меѓународните практики и претходните искуства. Овие дванаесет достижни цели ги покриваат сите важни области во остварување на законските надлежности,и нивното спроведување ќе овозможи унапредување на системот во поштенскиот сектор, како и вклучување на концептот на транспарентност и интегритет во најважните аспекти од работењето на Агенцијата.
Согласно член 12 став 4 од Законот за поштенските услуги, Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година, во законски предвидениот рок е доставена до Собранието на Република Северна Македонија на одобрување. По нејзиното одобрување, истата ќе биде објавена на веб страницата на Агенцијата за пошти.