Донесена Стратегија за спречување на корупција и судир на надлежности на Агенцијата за пошти за периодот 2022 -2024 година
Донесена Стратегија за спречување на корупција и судир на надлежности на Агенцијата за пошти за периодот 2022 -2024 година
На 17-от состанок одржан на 22.11.2021 година, Комисијата на Агенција за пошти, на предлог на директорката, ја донесе Стратегијата за спречување на корупција и судир на надлежности на Агенцијата за пошти за периодот 2022 -2024 година и Акциски План за нејзино имлементирање.
Стратегијата се очекува да генерира нови механизми, практики, капацитети и вештини во Агенцијата за имплементација на антикорупциските закони, етичкиот кодекс, релевантните политики и процедури кои овозможуваат заштита на институционалниот и интегритетот на вработените во поштенскиот сектор, генерално.
Основниот принцип на Агенцијата за пошти е јакнење на интегритетот преку нулта толеранција на кое било коруптивно однесување.
Основен предуслов за реализација на поставените цели во Стратегијата е јакнење на позицијата на Агенцијата како независно регулаторно тело кое ќе се овозможи преку:
Законит и транспарентен начин на работа кој вклучува почитување на етичките норми, одговорност, економичност и ефикасност во работењето;
Елиминирање на политичкото влијание во работата, во спроведувањето на надлежностите и во постапките регулирани со закон;
Подобрување на ефективноста на системот за управување со човечки ресурси преку обезбедување на интегритет и транспарентност на политиките за човечки ресурси базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет;
Спречување на судир на интереси и недозволени влијанија при јавните набавки и вработувањата;
Зајакнување на механизмите и капацитетите за надзор и контрола;
Зајакнување на механизмите за меѓуинституционалната соработка;
Јакнење на механизмите за Собраниска контрола и надзор врз работењето во Агенцијата.