21-ви Пленарен состанок на Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП)

 

Од 25 до 26 ноември 2021 година во Атина, Република Грција, Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП) го одржа вториот 21-от Пленарен состанок во 2021 година на хибриден начин, под претседателство на д-р Спирос Пантелис, потпретседател на Комисијата за телекомуникации и пошта на Грција,  со поддршка на потпретседателот на ЕРГП г-дин Кадет де Матос, претседател на Националната комисија за комуникации на Португалија и проф.   д-р М. Бачигалупо, член на одборот на Националната комисија за пазари и конкуренција на Шпанија. На пленарниот состанок со физичко присутво учествуваа и претставници на Агенцијата за пошти – директорката Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска.

На Пленарниот состанок се усвои Програмата за работа на ЕРГП за 2022 година, во која се поставуваат задачите на ЕРГП за 2022 година, во согласност со стратешките цели дадени во среднорочната Стратегија на ЕРГП за период од 2020 до 2022 година: (1) ревизија на законската рамка во поштенскиот сектор; (2) промовирање на конкурентен единствен поштенски пазар во ЕУ и (3) зајакнување на правата на крајните корисници и осигурување на универзална услуга ориентирана кон корисниците.

Во 2022 година, ЕРГП ќе ги фокусира своите активности кон: евалуација на Директивата за поштенски услуги, влијанието на онлајн платформите и моделите на новите бизниси врз конкуренцијата во поштенскиот сектор, пристап до поштенските мрежи во контекст на е-трговија која брзо се развива, како и заштита на корисници и потребите кои се менуваат во контекст на е-трговија која многу брзо се зголемува, имплементација на Регулативата за меѓународна достава на пакети, влијанието на промените на ДДВ/царина и прашања во однос на еколошка одржливост во поштенскиот сектор. Во контекст на Извештајот за онлајн платформи и е-трговци, ЕРГП активно го следи развојот на иницијативите за дигитални пазари и за дигитални услуги.

На Пленарниот состанок беа презентирани Извештаите за:

(а) Евалуација на примената на Директивата за поштенски услуги 97/67/ЕС

(б) Примена и имплементација на ЕУ Регулативата 2018/644 за меѓународна достава на пакети.

Членките на ЕРГП ги разменија своите првични размислувања за Извештаите и се согласија за навремени активности кои ќе се фокусираат на следните чекори за измена и дополнување на поштенската регулаторна рамка.

Понатаму, на Пленарниот состанок се усвоија следните документи:

  • ЕРГП ПЛ II (21) 23 – Извештај на ЕРГП за онлајн платформи и е-трговци
  • ЕРГП ПЛ II (21) 9 – Извештај за влијанието на КОВИД-19 пандемијата врз иднината на поштенскиот сектор
  • ЕРГП ПЛ II (21) 24 - Извештај на ЕРГП за квалитет на услуга, заштита на корисници и постапување со корисници 2020
  • ЕРГП ПЛ II (21) 10 -  Извештај на ЕРГП за состојбата со корисниците на поштенски услуги
  • ЕРГП ПЛ II (21) 10а – Извештај за јавна консултација во врска со состојбата со корисниците
  • ЕРГП ПЛ II (21) 25 - Извештај на ЕРГП за суштински поштенски индикатори и влијанието на КОВИД-19 пандемијата
  • ЕРГП ПЛ II (21) 20 –Извештај на ЕРГП за имплементација на ЕУ Регулативата 2018/644 за меѓународна достава на пакети
  • ЕРГП ПЛ II (21) 26 – Извештај за усогласените мерки кои се однесуваат на стандардизирана меѓународна достава на пакети
  • ЕРГП ПЛ II (21) 27 – Извештај на ЕРГП за влијанието на Зелениот договор на ЕУ врз поштенскиот сектор
  • ЕРГП ПЛ II (21) 24 – План за комуникации 2022 година

На Пленарниот Состанок на ЕРГП едногласно се избра г-дин Петрос Галидес, заменик претседател на Канцеларијата за регулација на електронски комуникации и поштенски услуги на Кипар за претседател на ЕРГП за 2023 година.

Пред да се одржи Пленарниот состанок, на 25 ноември, ЕРГП одржа внатрешна работилница на хибриден начин на која се дискутираше неодамна објавениот Извештај за евалуација на  Директивата за поштенски услуги, како и Извештајот за имплементација на Регулативата за меѓународна достава на пакети. Покрај тоа, како дел од работилницата и по повод 10 годишнината од основањето на ЕРГП, поранешните претседатели на ЕРГП г-дин Каталин Маринеску, г-дин Веселин Бошков, проф. Ангело Марчело Кардани, Џек Хаманд и Жао Кадет де Матос ги изразија своите ставови за извршените работи, како и за иднината на Групата.

https://www.linkedin.com/company/ergp-the-european-regulators-group-for-postal-services/

За ЕРГП:

            Европската група на поштенските регулатори (ЕРГП) ја сочинуваат 27 национални регулаторни тела за поштенски услуги во ЕУ, како и национални регулаторни тела од земјите од Европската економска зона и од земјите со кандидатски статус за влез во ЕУ. ЕРГП ја советува и помага на Европската Комисија во однос на развој на внатрешниот пазар за поштенски услуги и доследна примена на регулаторната рамка за поштенски услуги во сите земји членки.