Донесена Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2022 година

 

Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги ( Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021), директорката на Агенцијата за пошти донесe Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2022 година.

Надзорот ќе се врши  над спроведување на одредбите на овој закон, прописите и другите општи акти донесени врз основа на него, а особено врз:

èпристапот до универзалната услуга;

èквалитетот на обезбедување на универзалната услуга;

èобезбедување пристап до поштенската мрежа;

èпримена на цените на универзалната услуга;

èимплементација на сите акти донесени од страна на Агенцијата, и

èнад други работи утврдени со овој закон и над прописите и другите општи акти донесени врз основа на него.

Целта на надзорот е преку примена на постојните законски одредби да се подобри квалитетот на поштенскиот сектор во земјата.