Одржан 17-от јавен состанок на Агенцијата за пошти

Одржан 17-от јавен состанок на Агенцијата за пошти: Остануваме посветени на соработката со сите чинители во поштенскиот сектор, и на заложбата да се користи  поштенскиот сектор  како клучен за одржување на економијата, и државата да ја користи поштенската мрежа како критична инфраструктура

Денес, 22 декември 2021 година, Агенцијата за пошти го одржа својот Седумнаесетти состанок, со почитување на сите Ковид протоколи.

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во изминатиот период. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со плановите и програмите за делување во идниот период.

На јавниот состанок присуствуваа претседателот и членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти, генералниот директор на АД “Пошта на Северна Македонија“,    г-дин Јани Макрадули, заменик на генералниот директор на АД “Пошта на Северна Македонија“, г-дин Ненад Јошевски, членови на Управниот одбор на давателот на универзалната услуга, претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија,      г-ѓа Нина Ангеловска, генералниот секретар на Асоцијација за е-трговија на Македонија, г-дин Виктор Стојковски, претставници на давателите на поштенски услуги и на медиумите,како и други поканети гости од институциите со кои соработува Агенцијата за пошти.

На јавниот состанок беа презентирани: Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2021 година, превземените активности на Агенцијата за пошти во 2021 година, како и идните планови и проекти.

Воведно излагање на јавниот состанок имаше заменик на претседателот на Комисијата на Агенцијата за пошти, г-дин Суад Бајрами, кој истакна дека  мисијата на Агенцијата за пошти  е да обезбеди транспарентност на поштенскиот сектор, да го поттикне развојот на квалитетен и безбеден поштенски систем во Република Северна Македонија, при што секогаш на прво место се интересите на корисниците на поштенските услуги.

“Тенденцијата на Агенцијата е креирање на поштенски пазар со иновативна, кориснички ориентирана и ефикасна јавна поштенска мрежа во која давателите на поштенските услуги  нудат услуги кои одговараат на општествените и технолошки промени, кои се развиваат со голема брзина. Ова е во контекст на зголемениот број на онлајн платформи, е-трговците и широк опсег на услуги кои ги нудат истите, а со тоа и зголемена конкуренција на пазарот. И оваа 2021 година поштенскиот пазар се соочуваше со предизвиците предизвикани од глобалната пандемија, како на економско, така и на оперативно ниво. Агенцијата за пошти продолжи со давање на стручна помош на сите чинители на поштенскиот пазар“ – додаде заменик на председателот, Бајрами.

Воведно излагање на јавниот состанок имаше и директорката на Агенцијата за пошти, г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска, која потенцираше дека Агенцијата, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и конструктивно работење, со негување на меѓусебната соработка затоа што само така, заедно, ќе можеме да креираме амбиент за фер конкурентски натпревар во интерес на сите  учесници на поштенскиот пазар.

Агенцијата следната година ќе одбележи 14 години од своето основање, години  кои се силна основа за да можеме со задоволство да констатираме дека како институција, постигнавме значителен успех во следење и регулирање на развојот на поштенскиот пазар. Обезбедувањето на универзалната услуга, лиценцирањето, заштитата на правата на корисниците анализата и следење на поштенскиот пазар, надзорот и контролни механизми, зајакнување на меѓуинституционалната соработка и процесот на усогласување на домашното со европското законодавство,  остануваат сега и засекогаш, прв, втор и последен приоритет на сите нас“ – додаде Аврамоска Ѓореска.

На јавниот состанок беше презентиран Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2021 година од страна на раководителката на Директоратот за анализа на пазарот, г-ѓа Данијела Спасиќ – Томовска.

(Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2021 година објавен во целост на веб страната на Агенцијата за пошти)

Статистички извештај за 2021 прво полугодие

Во своето излагање на јавниот состанок, директорката на Агенција за пошти,     г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска, говореше за работата на Агенцијата за пошти во 2021 година, пришто истакна дека извонредните заложби на Агенцијата и на Комисијата и вработените и секако нејзиниот личен придонес резултираат со значителен степен на реализирани активности, значителен број на донесени стратешки документи, извештаи и анализи кои се однесуваат на регулација и развој на поштенскиот пазар.

(Интегралното обраќање на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска: Рекапитулација на реализираните активности во 2021 година)

            Обраќање на директорката на Агенција за пошти

“Врз основа на  заклучоците кои  произлегоа  од процесот на тековното работење, консултациите, меѓународните практики и претходните искуства утврдивме 12 цели за 2022 година кои  ги покриваат сите важни области во остварување на законските надлежности. Нивното спроведување ќе овозможи унапредување на системот во поштенскиот сектор, како и вклучување на концептот на транспарентност и интегритет во најважните аспекти од работењето на Агенцијата“ – истакна Аврамоска Ѓореска осврнувајќи се на идните планови и проекти кои ќе се реализараат во 2022  година.

(Интегралното обраќање на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска: Планови и идни проекти за 2022 година на Агенцијата за пошти)

Информација за идните проекти

На јавниот состанок беше промовирано и видеото Зошто треба да се користат  лиценцирани  даватели на поштенските услуги“, кое ќе биде објавено на веб страницата на Агенцијата за пошти.

Image
17-та Јавна Седница
Image
17-та Јавна Седница
Image
17-та Јавна Седница