Пратки од е-трговија и пратки со откупнина кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар
Давателите на поштенските услуги се обврзани да доставуваат податоци и за услуги од е-трговија, како и пратки со откупнина согласно новите извештаи за обезбедување на поштенски услуги кои Агенцијата за пошти го донесе во текот на 2021 година.
Следејќи го движењето на пазарот забележително е дека корисниците се повеќе користат пратки од е-трговија, и ја користат услуги за кои плаќаат во моментот на приемот на пратката.
Електронската трговија одигра особено позитивна улога за давателите на поштенски услуги придвижувајќи го обемот на пратките низ нивните поштенски мрежи во време на опаѓање на обемот на писмата.
Табела 1. Е- commerce услуги кај даватели на поштенски услуги на слободниот пазар
|
Вкупен обем на пратки произлезени од е-трговија |
Писма од е-трговија |
5465 |
Пакети од е-трговија |
106090 |
Пратката со откупнина се врачува на примачот со претходна наплата на откупниот износ означен на самата пратка. Како пратка со откупнина може да се испрати секоја препорачана или вредносна пратка.
Табела 2. Пратки со откупнина кај даватели на поштенски услуги на слободниот пазар
|
Пратки со откупнина |
Писма со откупнина |
2590 |
Пакети со откупнина |
291037 |
*Извор: Статистички извештај за прво полугодие 2021 година