Укинато Општо oвластување на давателот на поштенски услуги ИН ТАЈМ ПОСТ ДООЕЛ Скопје
Агенцијата за пошти на ден 25.02.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги ИН ТАЈМ ПОСТ ДООЕЛ Скопје.
Со Решение од 21.02.2022 година, Агенцијата за пошти го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги ИН ТАЈМ ПОСТ ДООЕЛ Скопје, по сила на закон поради престанок на правното лице, согласно член 46 став 1 алинеја 1 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што ИН ТАЈМ ПОСТ ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
ИН ТАЈМ ПОСТ ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 18.07.2019 до 21.02.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-47, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на РСМ-на подрачје на град Скопје.