Укинато Општо oвластување за обезбедување на поштенски услуги на давателот на поштенски услуги ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје
Агенцијата за пошти на ден 27.09.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија и услуги ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје.
Согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010,27/2014,42/2014,187/2014,146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018,248/2018,27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021), Агенцијата за пошти констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги Друштвото за трговија и услуги ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје, со што ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
Друштвото за трговија и услуги ХЕЛЛО ПОСТ ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 12.05.2021 година до 21.09.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-56, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на целата територија на Република Северна Македонија.