Информација за постапките по нотификации во делот на лиценцирањето за првите три квартала од 2022 година
Во изминатите три квартала од 2022 година примени се вкупно 7 нотификации за започнување и промена со обезбедување на поштенски услуги. Во овие 7 постапки водени пред Агенцијата за пошти, издадени се вкупно 5 Општи Овластувања за обезбедување на поштенски услуги.
Во првите три квартала од 2021 година пред Агенцијата се водени вкупно 19 вакви постапки, пришто издадени се 7 Општи Овластувања за обезбедување на поштенските услуги.
Врз основа на наведните податоци може да се констатира дека во првите три квартали од 2022 година значајно, за 63%, е намален интересот за влез на пазарот на поштенски услуги, имајќи го во предвид бројот на поднесени нотификации, додека бројот на издадени Општи овластувања за обезбедување на поштенски услуги е намален за 29%.
- Освен овој податок, анализата покажа дека постојната конкуренција во поштенскиот сектор е соочена со реална опасност од пад на обемот годинава, поради намалената економска активност на стопанството, воопшто, како и заради зголемените трошоци за енергенси во структурата на цените на поштенските услуги. Од тие причини воглавно, доколку се остварат најавите од давателите на поштенски услуги до крајот на годината, бројот на даватели на поштенски услуги забележливо ќе се намали.