19-ти Јавен состанок на Агенцијата за пошти

Почитувани,

Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 19-иот Јавен состанок, кој ќе се одржи на 22.12.2022 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала на Хотел „Солун“ во Скопје.

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Јавниот состанок ќе го има следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање;
  2. Рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти во 2022 година;
  3. Статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за I-во полугодие од 2022 година;
  4. Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги за 2022 година;
  5. Планови и идни проекти.

Во прилог е Агендата за настанот.

 

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следната е- маил адреса [email protected]  или телефонски на 3 212-107, најдоцна до 21.12.2022 година (среда).

 

Агенда 19-ти Јавен Состанок на Агенцијата за пошти