ДелЦо ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 20.12.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија и услуги ДелЦо ДООЕЛ Скопје.
Со Решение од 16.12.2022 година, Агенцијата за пошти го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги ДелЦо ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 46 став 4 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што ДелЦо ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
ДелЦо ДООЕЛ Скопје работеше во внатрешен и меѓународен поштенски сообраќај од 19.03.2020 година до 16.12.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-47.
ДелЦо ДООЕЛ Скопје беше давател на поштенски услуги континуирано од 24.08.2011 година, кога за прв пат се стекна со право да обезбедува поштенски услуги во внатрешен поштенски сообраќај на цела територија на државата.