Статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 1-то полугодие од 2022 година
Развојот во е-трговијата, онлајн платформите и новите бизнис модели имаат директно влијание врз регулативата, транспарентноста, како и врз конкуренцијата на поштенски пазар. Воедно, технолошките промени и дигитализацијата ги трансформираа потребите на корисниците, што доведе до создавање на нови производи и услуги.
Статистичките податоци се клучни за Агенцијата за пошти, за да се развие подобар систем на регулација, и да се креираат политики кои ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за поштенскиот сектор.
Податоците содржани во извештаите за обезбедување на поштенски услуги, кои давателите на поштенските услуги ги доставуваат два пати годишно, Агенцијата за пошти ги користи за изготвување на анализи за состојбата на пазарот на поштенски услуги.
Статистичкиот Извештај за првото полугодие на 2022 година содржи податоци за обемот и видот на пратките, подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.
Воедно, Статистичкиот извештај ги илустрира состојбите на поштенскиот пазар, комбинирајќи ги податоците од првото полугодие од 2022 година, со компаративен пристап на податоците од првото полугодие од 2021 година, и на тој начин дава слика за вкупниот развој на поштенскиот сектор за наведениот период.