Агенцијата за пошти со нова брошура„Транспарентност при обезбедување на поштенски услуги“

 

Транспарентност при обезбедување на поштенски услуги е насловот на новата  брошура во издание на Агенцијата за пошти.

Брошурата на лесен и разбирлив начин ја објаснува важноста на информациите за корисниците на поштенските услуги кои се однесуваат на видовите и цените на услугите кои се нудат, начинот и роковите на достава, рекламационите постапки, информации за контакти и сл.

Транспарентното работење на давателите на поштенски услуги е тренд кој придонесува за градење на позитивна перцепција кај корисниците на поштенските услуги, кој на долг рок гради доверба и лојалност кон брендот на компаниите.

 

 

Повеќе информации за реализацијата на оваа активност се содржани во информативната брошура.