Работна средба на директорката Аврамоска Ѓореска со генералната директорка на АД „Пошта на Северна Македонија“, Абази
Денес, во просториите на Агенцијата за пошти, директорката Билјана Аврамоска Ѓореска оствари работна средба со генералната директорка на АД "Пошта на Северна Македонија", Бујаре Абази и заменик генералниот директор, Ненад Јосевски.
На средбата стана збор за повеќе теми кои се однесуваат на работењето на давателот на универзалната услуга, а се разговараше и за надминување на одредени предизвици со кои се соочува АД "Пошта на Северна Македонија", а во интерес на нејзино поефикасно функционирање. На средбата се разговараше и за потребата од континуирана и посветена имплементација на правната и законската рамка, следењето на трендовите и најдобрите практики на поштенскиот пазар, а сѐ со цел обезбедување на поквалитетни и подостапни поштенски услуги за корисниците на поштенски услуги.
На средбата Аврамоска Ѓореска и Абази се договорија дека ваквите работни средби ќе продолжат и во иднина за продолжување на веќе воспоставената соработката помеѓу Агенцијата за пошти и АД "Пошта на Северна Македонија".