Одобрен Годишниот извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година
Врз основа на член 16 став 7 од Законот за поштенски услуги ( Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022)), Комисијата на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на состанокот одржан на ден 28 март 2023 година, го одобри Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година.
Согласно член 12 став 3 од Законот за поштенските услуги, Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2022 година, беше доставен до Собранието на Република Северна Македонија на 30.03.2023 година односно во законски предвидениот рок (до 31-ви март во тековната година).