Заедничка координирана акција на Агенцијата за пошти, МВР, Царинската управа, УЈП, ДПИ и ДИТ
Агенцијата за пошти во заедничка и координирана акција со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за економски криминал и корупција, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Државниот Инспекторат за Труд и Државниот Пазарен Инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа заеднички надзор над правните лица ЕУРО ЕНЕРГИ ДОО ТЕТОВО и ПМ Постман анд логистик ДООЕЛ.
Кај двата правни субјекти беа затекнати голема количина на пратки наменети за Косово и други држави, парични средства во готовина кои се наплатени од физички лица (кои се во ствојство на примачи) за доставени пратки со откупнина без фискална сметка, како и криумчарена брендирана и небрендирана стока од правни лица.
По извршениот надзор од страна на Агенцијата за пошти беа составени записници за сторени прекршоци за:
1. ПМ Постман анд логистик ДООЕЛ
Опис на прекршок:обезбедува поштенски услуги без Општо овластување од Агенција за пошти, спротивно на чл 38.ст.1 од Законот за поштенските услуги, при што беа издадени прекршочни платни налози на правното лице и за одговорните лица во правното лице.
2. ЕУРО ЕНЕРГИ ДОО ТЕТОВО
Опис на прекршок: обезбедува поштенски услуги кои не се наведени во Општо овластување од Агенцијата за пошти, спротивно на чл 41 став 2 од Законот за поштенски услуги, при што беа издадени прекршочни платни налози на правното лице и за одговорните лица во правното лице
Против правните лица кои беа предмет на надзор и контрола ќе следуваат и соодветни поднесоци од страна на другите надлежни институции.