Агенцијата за пошти ја одбележа „Европската недела на мобилност”

Во рамки на „Европската недела на мобилност”, Агенцијата за пошти учествуваше на активностите  кои се спроведоа во рамкте на кампањата -  која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Оваа година, темата е  Save energy! - Заштедете енергија! која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз енергетската и мобилна сиромаштија.

 Со ова вработените на Агенција за пошти  упатија силна порака дека треба да се користат алтернативни форми на мобилност како што се пешачењето, велосипедизмот и сл., треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.

Image
ap7
Image
ap10
Image
ap1
Image
ap4
Image
ap6
Image
ap8
Image
ap9