Известување до корисниците на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

Izvestuvanje

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека е објавен ажуриран список со земји за кои може да се примаат и испраќаат ЕМС пратки (брза пошта ЕМС на Пошта на Северна Македонија е високопрофесионална услуга која на своите корисници им нуди најбрз, најквалитетен и најсигурен пренос на поштенски пратки во земјата и странство, согласно прописите и предвиденитре рокови за пренос).

Ажурирањето е извршено и е во примена од 09.10.2023 година.

Списокот со земји за кои може да се примаат и испраќаат ЕМС пратки може да се види на следниот линк на веб страницата на АД Пошта на Северна Македонијa www.posta.com.mkДржави за кои може да се испраќаат ЕМС пратки – А.Д. Пошта на Северна Македонија (posta.com.mk)