Известување до корисниците на поштенски услуги
Во Агенцијата за пошти пристигнаа неколку пријави од граѓани кои информираа дека преку смс-пораки добиваат известувања од давателите на поштенски услуги АД„Пошта на Северна Македонија“, „DHL“, „UPS“ и тоа со различни содржини поврзани со достава на пратки, потврда за царинско плаќање, погрешна адреса за испорка, потреба за уплата на различни парични вредности и сл.
Од проверките кои што ги направи Агенцијата за пошти, утврдено е дека како испраќач на овие смс-пораки се јавуваат меѓународни телефонски броеви со опис-Info, чии појдовни кодови се користат како SCAM-измами.
Во содржината на овие пораки приложени се и линкови кои водат до неовластени веб-старници кои не се поврзани со обезбедување на поштенски услуги.
Од причина што претпоставуваме дека се работи за неовластено користење и злоупотреба на лични податоци, препорачуваме да не ги отварате линковите кои се приложени во смс-пораката бидејќи се работи за измама.