Анализа:Поштенскиот сектор во Република Северна Македонија и негова одржливост под влијание на мегатрендовите
16.10.2023
Работејќи во услови на исклучително предизвикувачкиот контекст за давателите на поштенски услуги, за навреме и соодветно да се одговори на зголемената побарувачка на нивните услуги поради рапидниот пораст на е-трговијата, севкупниот поштенски сектор има за цел да обезбеди тројно позитивно влијание во општеството, и тоа: економскo, социјалнo влијание и еколошко влијание.
- Поштенскиот сектор има клучна улога во пазарната економија на секоја земја поддржувајќи го и промовирајќи го нејзиниот економскиот раст, поврзувајќи дневно повеќе од 800 милиони луѓе и бизниси во државите во Европа и генерирајќи просечно повеќе од 1% од нивниот национален БДП.
- Човечкиот потенцијал е клучен во индустријата во која над 60% од вработените се директно посветени на доставата а приближно 50 % од сите вработени се жени.
- Непобитен е факот дека и поштенскиот сектор има свои специфични влијанија врз глобалните климатските промени на планетата, а со самото тоа и свои одговорности и обврски.
Повеќе информации подоле↓