Аврамоска – Ѓореска: Агенцијата за пошти била и останува носечки и круцијален фактор за етаблирање и развој на пазарот на поштенските услуги

15-godini

„Основната идеја за основањето на регулаторот е втемелена во првата поштенска директива на Европскиот парламент и совет од 1997 година, што значеше обврска за државата за именување национално тело за поштенскиот сектор кое ќе го регулира пазарот на поштенските услуги и тело кое ќе биде законски одделно и независно од поштенските оператори. Агенцијата е формирана со Законот за поштенски услуги кој е донесен на 4 јануари 2008 година. Веднаш потоа Собранието во февруари истата година ги избра членовите на Комисијата, а Агенцијата во Централниот регистар е запишана во јули 2008 година кога е избран и првиот Директор. На денешен ден во 2008 година Агенцијата стана оперативна со вработувањето на првите 4 службеници.

Денес, 15 години подоцна, Агенцијата за пошти е професионално, самостојно и независно регулаторно тело кое успешно ја остварува својата мисија.  Да ги заштити корисниците на поштенски услуги; да се грижи за создавање и одржување на ефикасен поштенски сектор кој ќе нуди квалитетни поштенски услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен економски развој во земјата, да промовира ефективна и одржлива конкуренцијата и  обезбедување на фер пазарни услови во секторот“.

(Интегрален текст од обраќањето на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска)