Истражување за потребите на корисниците на поштенски услуги - 2023 година

истражување

Основен предмет и цел на истражувањето беше проценка на потребите на корисниците на поштенските услуги. Истражувањето даде одговор и проценка колку обезбедувањето на поштенски услуги од страна на давателите на поштенски услуги ги задоволува потребите на корисниците. За ова истражување беа дизајнирани два примерока според целната група, и тоа:

  • Правни лица и
  • Физички корисници.

Вкупниот број на испитаници по целна група беа:

  • n=180 испитаници правни лица и
  • n=420 испитаници физички корисници.

Како посебни суб-групи на правни испитаници беа опфатени правни субјекти во урбани, но и рурални и многу оддалечени места и тоа според број на вработени, големина на месечно користење на поштенски услуги, правни субјекти кои тргуваат од дома, правни субјекти за кои поштенските услуги се многу важни за нивниот бизнис.

Репрезентативноста на физичките корисници беше обезбедена според најновите податоци за проценка на населението по региони и место на живеење од 2021 година според Државниот завод за статистика. 

Истражување за потребите на корисниците на поштенски услуги - 2023 година дава одговор и проценка за:

  1. Навиките на користење на поштенски услуги
  2. Задоволството од поштенските услуги
  3. Цените и роковите за достава
  4. Квалитетот и рекламации
  5. Користењето на услуги на други даватели на поштенски услуги
  6. Сандачињата за прием и достава на пакети на јавни места
  7. Пратките кои се предмет на електронска трговија

Истражување: