Европската недела на мобилност – 2025

Вработените на Агенцијата за пошти и оваа година ја поддржаа „Европската недела на мобилност” која на иницијатива на Европската комисија се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. 

Оваа година, темата е  Mobility for everyone!- Мобилност за сите! чија цел е да ја нагласи потребата од обезбедување пристап до одржлив транспорт за сите граѓани, без оглед на нивниот приход, локација, пол или способности.

Вработените на Агенцијата упатуваат силна порака дека во текот на целата година треба да се користат алтернативни форми на мобилност како што се пешачењето, велосипедизмот, користење на електрични превозни средства односно да се избира „паметен“ начин на транспорт преку што ќе се докаже дека сме општествено одговорни и дека се грижиме за животната средина.

 

 

Mobility 1

 

 

obility 2