Втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз

Втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз
Одржана втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз
Во периодот од 21 октомври до 15 ноември 2013 година во Берн, Швајцарија се одржа Втората годишна седница на Административниот совет (CA) и Поштенскиот оперативен совет (POC) на Светскиот поштенски сојуз (UPU).

На седниците учествуваа земјите членки на UPU во својство на членки и посматрачи на CA и на POC. На овој настан учество зеде и претставник од Агенцијата за пошти на Република Македонија.
Во рамките на седницата на CA претставникот на Агенцијата учествуваше во работата на надлежностите на Комисијата 1 во областа на регулативни активности поврзана со реформите на UPU, дополненија и измени на актите на UPU, и на останати теми од областа на меѓународната поштенска регулатива, како и во работата на надлежностите на Комисијата 2 од областа на финансирањето на активностите на UPU.
На 14 и 15 ноември се одржа Пленарна седница на CA на кои се усвоија одлуките и извештаите поднесени од комисиите.

Исто така, беше одржан и  петтиот форум за поштенска регулација на тема „Организација на поштенскиот пазар - нови хоризонти за поштенскиот сектор“. Во рамките на форумот беа презентирани искуства и решенија на регулацијата на поштенскиот сектор во одредени земји во светот и тоа од европскиот, африканскиот, американскиот и источниот регион. Посебен осврт на форумот беше даден на предизвиците за обезбедување на универзалната услуга и нејзиното финансирање, како и на новите трендови на поштенските услуги во услови на дигиталната ера на комуникациите со можни национални решенија.  
По повод светскиот ден на поштата 9 ти октомври 2013 година се додели првата награда од одржаниот натпревар за најдобар состав на тема:  Колку водата е скапоцена. Генералниот директор на UPU г-дин Bishar Hussein ја додели првата награда на средношколецот Daniel Korcak  од Острава, Република Чешка.