Известување до корисниците на поштенските услуги на АД„Пошта на Северна Македонија“

Националниот давател на поштенски услуги АД„Пошта на Северна Македонија“ - Скопје ги известува своите корисници дека во услови на актуелната состојба со коронавирусот, секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пратки со повеќе земји во меѓународниот поштенски сообраќај.

Операторот информира дека со оглед на затвореноста на аеродромот во Скопје, размената на пошта ќе се извршува по сувоземен односно површински пат и тоа со следните земји:

- Албанија,

- Бугарија,

- Германија,

- Грција,

- Косово,

- Молдавија,

- Романија,

- Србија,

- Турција,

- Украина и Црна Гора.

 

АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во     Р.Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.

 

Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат корисниците да имаат разбирање при евентуално доцнење во преносот, испораката и доставата на пратките.