Протокол за постапување на давателот на универзална услуга - АД „Пошта на Северна Македонија" – Скопје во услови на вонредна состојба
Во согласност со Уредбата за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година), донесена од страна на Владата на Рeпублика Северна Македонија, давателот на универзалната услуга - АД „Пошта на Северна Македонија" – Скопје во координација и соработка со Агенцијата за пошти, донесе Протокол за постапување во услови на вонредна состојба.
Со овој Протокол се утврдуваат активностите кои АД „Пошта на Северна Македонија" – Скопје ги спроведува во услови на вонредна состојба, со цел спречување на ширење на заразата, заштита на здравјето на вработените и на корисниците на поштенските услуги, во насока на побезбедно и поедноставно спроведување на сите поштенски услуги.
Благодарност до корисниците на поштенските услуги кои ги почитуваат мерките и препораките.
Штитејќи се себеси, ги штитиме и другите.