Известување за примена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, ги известува давателите на поштенски услуги дека Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 22 април 2020 година донесе УРЕДБА со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година).
Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 27/14, 42/14, 187/14, 146/15, 31/16, 190/16, 64/18, 248/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19) ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба, доколку со оваа Уредба со законска сила не е поинаку уредено.
За поставување на ред и дисциплина при влез, во внатрешноста и при излез од капацитетите и просториите во кои се даваат поштенски услуги кон корисниците на овие услуги, за време на траење на вонредната состојба ќе се применуваат одредбите од оваа Уредба со законска сила.
Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба, сите даватели на поштенски услуги се должни за поставување на ред и дисциплина при влез, во внатрешноста и при излез од капацитетите и просториите во кои се даваат поштенски услуги кон корисниците на овие услуги, за време на траење на вонредната состојба, односно да обезбедат редарска служба при влезот, во внатрешноста и при излезот на објектот.
Воедно, Агенцијата за пошти цени дека мерката е сосем неприменлива за приватните даватели на поштенски услуги, бидејќи тие немаат таков модел на работа за да има потреба странки да доаѓаат да предаваат или да подигаат пратки. Во повеќе од 90%, организацијата на нивната работа подразбира подигање на пратката од адресата на испраќачот и предавање на пратката на адреса на примателот.
Главниот Координативен Кризен Штаб на седницата одржана на 29 април 2020 година го разгледа барањето на Агенцијата за пошти при што оцени доколку приватните даватели на поштенски услуги немаат таков модел на работа не е потребно да го организираат своето работење согласно Уредбатасо законска сила за примена на Законот за поштенски услуги за време на вонредна состојба ("Службен Весник на РСМ" бр.107 од 22.04.2020 година).
Агенцијата за пошти укажува доколку се јави потреба за обезбедување на редарска служба, со цел да се избегне непотребниот финансиски и организациски товар за давателите на поштенски услуги, истите тоа да го направат од редот на своите вработени,почитувајќи ги мерките за заштита и превенција од надлежните институции.
Целиот текст на Уредбатана следниот линк:
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/e42f3c8478524f1ab3aa12c2e21d05a1.pdf