Учество на претставници на Агенцијата за пошти на видеоконференциски состанок во рамките на работните групи на Европскиот Комитет за Поштенска Регулација
Денес, претставници на Агенцијата за пошти учествуваа на видеоконференциски состанок одржан во рамките на работните групи на Европскиот Комитет за Поштенска Регулација (EuropeanCommittee for Postal Regulation-CERP)- CERP Working Group UPU и CERP Working Group Policy, заедно со претставници од вкупно 55 држави.
Состанокот се одржа во функција на предложените измени генерирани во CERP за одржувањето на претстојниот Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз.27-от Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз кој требаше да се одржи оваа година во Абиџан, Брегот на Слонова Коска е откажан поради околностите наметнати со пандемијатана КОВИД 19.
Посебно внимание во дискусиите во рамките на работните групи на CERPсе посвети на предлозите за местото и времето за одржување на 27-от Конгрес. Како една од понудените варијанти, која и земјите членки ја подржаа е 27-от Конгрес да се одржи во Женева, Швајцарија со лимитиран број на учесници, додека дел од земјите членки ценеа дека Административниот Совет на Светскиот Поштенски Сојуз е надлежно тело кое треба да се произнесе и да донесе одлука по однос на ова прашање.
Воедно, на состанокот се дискутирање и за времетраењето на сите понатамошни Конгреси.Со оглед на фактот дека одредени земји не присуствуваа на CERP состанокот (Германија),пришто не можеа да се донесат конечни одлуки по овие прашања, одлуките ќе бидат дополнително донесени и ќе бидат проследени до сите земји членки.
На состанокот се потврди важноста на зајакнување на соработката помеѓу CERP и ERGP(Европската Регулаторна Група за Поштенски Услуги), како и на техничката соработка помеѓу Светскиот Поштенски Сојуз и CERP, (точки по кои се дискутираше со предлози за реализација на истите).