Видео конференциски состанок на работната група Прекугранична достава на пакети (Cross Border Parcel Delivery) на Европскиот Комитет за поштенска регулација (European Committee for Postal Regulation)
Денес, во рамките на работната група Прекугранична достава на пакети(Cross Border Parcel Delivery) на Европскиот Комитет за поштенска регулација (European Committee for Postal Regulation) се одржа видео конференциски состанок на кој учествуваа претставници на Агенцијата за пошти – (од Директоратот за следење и анализа на пазар и од Директоратот за грижа на корисници), заедно со претставници од 36 земји членки.
На состанокот се разгледуваа проблемите со кои се соочуваат земјите во однос на примената на регулативата за прекугранична достава на пакети и утврдување на начините за нивно надминување. Оваа регулатива е нова и во практична примена од јануари 2019 година, но сеуште е во фаза на подобрувања. Во фокусот на дискусиите се дадоа предлози за надминување на проблемите со редефинирање или утврдување на одредени упатства за примена на регулативата.
Со примена на оваа регулатива се постигнува поголема транспарентност и достапност во однос на тарифите кои ги нудат давателите на поштенските услуги и обемот на остварување на поштенските услуги за услугите од е-трговијата.