Утврдување на систем за посебно сметководство и алокација на трошоци на давателот на универзалната услуга, модел за пресметка на нето трошоците на универзалната услуга и модел за регулација на цените на универзалната услуга
Од денеска до 2 јуни во организација на Агенцијата за пошти, во рамките на Твининг проектот "Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти", во просториите на А.Д.Пошта на Северна Македонија се реализира последната видео - работилницаод Компонента 2 која се однесува на одредување на соодветен систем за посебно сметководство и алокација на трошоци, модел за пресметка на нето трошоци на универзалната услуга и модел за политика на цени.
Видео - работилницата ја спроведуваат експерти од Correos Spain (Пошта на Шпанија) и на истата учествуваат претставници на Директоратот за финансии, сметководство и економски прашања од поштенската област при Агенцијата за пошти, како и претставници на А.Д. Пошта на Северна Македонија.
На работилницата во соработка со експертите ангажирани во Твининг проектот, се прави завршна анализа на моменталната состојба во оваа област која ќе резултира со препораки за систем за посебно сметководство и алокација на трошоци, модел за пресметка на нето трошоците на универзалната услуга и методологија за регулација на цените кои ќе бидат адекватни на специфичните карактеристики на домашниот поштенски пазар, а истовремено ќе одговорат на барањата на Законот за поштенските услуги, Правилникот за начинот на водење на посебно сметководство на давателот на универзалната услуга и препораките на Европската директива за поштенски услуги.
Работилницата е резултат на високото ниво на соработка помеѓу Агенцијата за пошти, А.Д. Пошта на Северна Македонија и Министерството за транспорт, мобилност и урбани работи на Кралството Шпанија (како Твининг партнер)и претставува континуитет и заокружување на активностите во рамките на Твининг проектот.