Реформа на давателот на универзалната услуга и укинување на монополот за конкурентен поштенски пазар
Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги треба да осигура обезбедување на универзалната услуга на цела територија, со определен квалитет и пристапни цени за сите корисници, односно почитување на законската регулатива од страна на давателот на универзална услуга – АД Пошта на Северна Македонија, без разлика на неговата сопственичка структура - вели во интервју за МИА, директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска.
Агенцијата има надлежност да ги употреби сите регулаторни мерки кои законот ги дава, се со една цел - непречено одвивање на извршување на сет поштенски услуги, наречени универзална услуга, за кои државата се обврзала дека ќе им бидат достапни на граѓаните, институциите и правните субјекти. Агенцијата во 2008 година ја назначи АД Пошта на Северна Македонија за давател на универзалната услуга и од тогаш ги следи перфомансите со кои се извршуваат овие сет на услуги за писма до 2 кг. и пакети до 10 кг. како во внатрешниот така и во меѓународниот поштенски сообраќај –
Ако ме прашувате дали приватизацијата или јавно-приватно партнерство на давателот на универзалната услуга ќе влијае на цените на универзалната услуга, одговорот е НЕ, односно приватизацијата во првиот момент нема да влијание на цените на универзалната услуга (поштенски пратки до 2кг и пакети до 10кг) кои мора да ги исполнуваат критериумите утврдени со Законот за поштенските услуги(цените треба да бидат пристапни, базирани на трошоци, транспарентни, утврдени на недискриминаторска основа и еднакви за сите корисници на целата територија) – истакна Аврамоска Ѓореска.
Целото интервју на следниот линк: