Одржан 14-от состанок на Комисијата на Агенција за пошти
Врз основа на член 16 став 1 алинеја 8 од Законот за поштенските услуги (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.275/2019 и 107/2020), Комисијата како орган на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на седницата одржана на ден 20 ноември 2020 година, преку видеоконференциска врска:
þ јаусвои Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2021 година.
Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2021 година содржи:
Програма за работа на Агенцијата за пошти за 2021 година;
Финансиски план на Агенцијата за пошти за 2021 година, и
Одлука за определување на вредноста на поенот за пресметување на годишниот надоместок за 2021 година.
Согласно член 12 став 4 од Законот за поштенските услуги, Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2021 година, во законски предвидениот рок е доставена до Собранието на Република Северна Македонија на одобрување.