Давателот на универзална услуга АД"ПОШТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА" со промоција на новогодишен пакет на услуги

А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ со промотивен пакет на услуги за испраќање на празнични честитки и подароци, кој започнува да важи од 19.12.2020 година, заклучно со 15.01.2021 година.

Во наведениот период се намалуваат цените за достава на пратки од адреса до адреса со тежина до 5кг. Новата цена на услугата ќе изнесува 80 денари за периодот 19.12.2020 година до 15.01.2021 година. Секое заинтересирано лице кое сака да испрати пратка од која било адреса на територија на град Скопје,тоа може да го направи со јавување на телефонскиот број 15 000.

Исто така, давателот на универзална услуга понуди и печатење на единечни празнични честитки изработени од еко хартија со ретро дизајн.

Повеќе информации на следниот линк :

https://www.posta.com.mk/да-ја-обновиме-традицијата-пошта-со/