56-ти виртуелен пленарен состанок на CERP- Европски Комитет за поштенска регулација

CERP1

Денес во организација на CERP- Европски Комитет за поштенска регулација со почеток во 10 часот, виртуелно се одржа 56-тиот Пленарен состанок на CERP. Состанокот беше сочинет од две сесии (утринска и пладневна) на кои учество земаа над 60 претставници од повеќе земји.

            На утринската сесија воведно обраќање имаше г-ѓа Кристиана Флутур, претседател на Европската конференција за поштенска и телекомуникациска администрација. Понатаму состанокот се одвиваше по следната агенда:

  1. Одобрување на дневниот ред
  2. Одобрување на извештајот од 55-тата пленарна веб-седница
  3. Политика на работни групи и извештаи од Светскиот поштенски сојуз
  4. 27-ми конгрес на Светскиот поштенски сојуз
  • Отворање на Светскиот поштенски сојуз кон поголеми играчи во поштенскиот сектор (Г-дин Џек Хаманд – копретседател на Светскиот поштенски сојуз)
  • Реформа на системот што се применува за придонесите на земјите-членки на унијата (Г-дин Херман Васкез – претседател на Светскиот поштенски сојуз)
  • План за во иднина (Г-ѓа Ракел Лобато – Министерство за транспорт, мобилност и урбана агенда)
  • Прашалник од Европскиот комитет за поштенска регулатива во врска со конгрески предлози (Г-дин Фарид Тамимонтпретседател на WG UPU)
  1. Следна пленарна седница и други прашања

На пладневната сесија беше одржан форум на дискусии на тема Светски поштенски сојуз (СПС): Три прашања во врска со иднината на СПС на кој свое излагање имаа кандидатите за позицијата генерален директор на СПС :

  • Г-дин Паскал Кливаз, заменик генерален директор на СПС,
  • Г-дин Џек Хаманд, член на извршниот одбор на BIPT,
  • Г-дин Масаико Метоки, потпретседател за мeѓународни односи во Јапонска Пошта,

Излагање имаа и кандидатите за позицијата заменик генерален директор на СПС:

  • Г-дин Марјан Освалд, меѓународен директор на Меил Пошта Словенија,
  • Г-ѓа Марсела Марон – Директор на услуги со додадена вредност во Секретаријатот за информатичка и комуникациска технологија на Аргентина,
  • Г-дин Јунус Џибрин – претседател на Пан-Африканската поштенска унија и
  • Г-дин Владислав Дубенко – Финанскиски директор на СПС.

Пленарната седница ќе продолжи наредниот ден на 2- ри јули (петок) со утринска сесија со почеток во 10 часот на која ќе земат учество само членовите на ЦЕРП и Пост Еуроп.