Потпишан меморандум за соработка помеѓу АП и ОПМ

APOPM

Денес во просториите на Агенцијата за пошти, м-р Билјана Аврамоска Ѓореска директорка на Агенцијата за пошти (АП ) и д-р Маријана Лончар Велкова претседател на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ ) потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е да се реализираат проекти и активности за заштита на интересите на физичките лица кои се јавуваат како потрошувачи и корисници на поштенските услуги во Република Северна Македонија.

Соработката ќе се остварува преку заедничка изработка на информативни материјали, брошури и нивна промоција пред пошироката јавност заради обезбедување подобра информираност и едукација на потрошувачите за правилен избор на поштенски услуги кои се нудат на поштенскиот пазар, спроведување на активности за сузбивање на нечесна пазарна пракса преку поттикнување фер однос кон потрошувачите и фер пазарно однесување од страна на лиценцираните даватели на поштенски услуги, организирање на јавни настани за подигнување на јавната свест за важноста, подигнување на општествената одговорност на лиценцираните даватели на поштенски услуги и други активности.

Потпишувањето на Меморандумот ќе придонесе за зајакнување на процесите и процедурите кај давателите на поштенски услуги во Република Северна Македонија во доменот на заштита на корисниците на поштенските услуги и подигнување на јавната свест за правата и обврските во врска со користење на поштенските услуги.

Image
OPM1
Image
OPM2
Image
OPM3