Укинато е Општото oвластување на давателот на поштенски услуги ЕКСПРЕС ПОШТА ДООЕЛ Струмица
Агенцијата за пошти на ден 20.12.2021 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за производство, трговија и услуги ЕКСПРЕС ПОШТА ДООЕЛ Струмица.
Со Решение од 20.12.2021 година, Агенцијата за пошти го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги ЕКСПРЕС ПОШТА ДООЕЛ Струмица, поради неисполнување на правата и обврските од дозволата, согласно член 45 став 4 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што ЕКСПРЕС ПОШТА ДООЕЛ Струмица го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
ЕКСПРЕС ПОШТА ДООЕЛ Струмица работеше во поштенскиот сектор од 11.04.2016 година до 20.12.2021 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-37/2016, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на територија на целата држава.