Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за пошти и Комисијата за заштита на конкуренцијата

Денес, во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, директорката на Агенцијата за пошти, м-р Билјана Аврамоска Ѓореска и претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, проф. д-р Владимир Наумовски  склучија Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Со овој Меморандум се остварува соработка меѓу Агенцијата за пошти и Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се реализираат проекти и активности во областа на заштитата на конкуренцијата на пазарот на поштенските услуги.

Со потпишување на овој Меморандум, двете институции ја изразија подготвеноста за соработка на полето на заштита на конкуренцијата, со цел унапредување и помагање во развојот на конкуренцијата на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија, поаѓајќи од значењето на овој пазар за економијата на државата, а особено од поволностите кои произлегуваат од конкуренцијата за крајните корисници.

Image
KZK
Image
KZK1