Одржување на саемот PARCEL+POST EXPO 2022 на кој се претставуваат најновите и најиновативни технологии на светските поштенски индустрии

Во период од 17 до 20 октомври 2022 година во Франфург, Германија се одржува саемот POST EXPO 2022, на кој се претставени најновите и најиновативни технологии на светските поштенски индустрии.

Во рамките на POST EXPO 2022 се одржува и конференција на која свои излагања ќе имаат експерти од поштенските оператори, курирските компании, од компаниите за логистика, како и компаниите чија дејност е развој и имплементација на најновите технолошки решенија за автоматизација и достава. Како дел од конференцијата се и сесиите на кои директно ќе се разгледува напредокот во автономна достава и логистика, роботска автоматизација и проширување на други помошни компјутерски технологии. Другите сесии се посветени на сè поизразените логистички предизвици во урбаните области, и новини и опции во доставата како резултат на експанзијата на е-трговијата. Конференцијата претставува извонредна можност за едукација и воспоставување контакти за поштенските, пакетските и курирските индустрии.

Еден од главните настани на POST EXPO 2022 е одржувањето на Светскиот форум на лидери, организиран од страна на Светскиот поштенски сојуз на кој лидерите во поштенската индустрија од целиот свет ќе имаат можност за дискусија за најновите трендови и најважни случувања во поштенскиот сектор во насока на модернизација на поштенските услуги.

На Parcel + POST EXPO и Светскиот форум на лидери присуствуваат и  заменикот на претседателот на Комисијата на Агенција за пошти, г- дин Суад Бајрами и членот на Комисијата, Андреј Јосифовски.

Image
Post Expo