МГС ДЕЛИВЕРИ ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 05.12.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за транспорт, трговија и услуги МГС ДЕЛИВЕРИ ДООЕЛ Скопје.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  МГС ДЕЛИВЕРИ ДООЕЛ Скопје,  со што МГС ДЕЛИВЕРИ ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

МГС ДЕЛИВЕРИ ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 02.10.2020 година до 05.12.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-61, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на цела територија на Република Северна Македонија.