НАРАЧАЈ ДОО Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги
Агенцијата за пошти на ден 06.12.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија и услуги НАРАЧАЈ ДОО Скопје.
Агенцијата за пошти согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги НАРАЧАЈ ДОО Скопје, со што НАРАЧАЈ ДОО Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
НАРАЧАЈ ДОО Скопје работеше во поштенскиот сектор од 09.06.2021 година до 06.12.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-55 за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на Република Северна Македонија-за подрачјето на град Скопје.