М-ДОСТАВА ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 20.12.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија и услуги М-ДОСТАВА ДООЕЛ Скопје.

Со Решение од   16.12.2022 година,  Агенцијата за пошти   го укина Општото овластување на давателот на поштенските услуги   М-ДОСТАВА ДООЕЛ Скопје,  поради неисполнување на правата и обврските од Општото овластување, согласно член 46 став 4 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што М-ДОСТАВА ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

М-ДОСТАВА ДООЕЛ Скопје работеше во внатрешен поштенски сообраќај на подрачјето на град Скопје од 26.02.2018 година до 16.12.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под број УП I бр.02-02/2018.