Системот за управување со квалитет на Агенцијата за Пошти е целосно усогласен со барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015

Агенцијата за пошти се здоби со сертификат МКС EN ISO 9001:2015, со кој се потврди дека го применува системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот.

Активностите на Агенцијата за пошти беа проверени согласно барањата на стандардот и со тоа се потврди дека организацијата ги исполнува барањата на соодветниот стандард и очекуваните резултати во врска со исполнувањето на барањата на клиентите и релевантни закони и прописи со цел да се зголеми задоволството на клиентите, процесите на интерната проверка и преиспитувањето на раководството.

Усогласеноста на системот за управување беше потврдена преку извршената проверка од страна на сертификациското тело ИНТЕРЦЕРТ ДООЕЛ Скопје. Притоа, беше констатирано дека опсегот на сертификација е соодветен на работните активности на организацијата и истиот беше потврден.

Со тоа се потврдува заложбата на Агенцијата за пошти со своето професионално и одговорно работење, да остане посветено на потребите на поштенскиот пазар, одржлива регулација на поштенските услуги, како и заштита на правата на корисниците.

 

Сертификат_Q_091_Агенција за пошти

Image
1
Image
2
Image
3
Image
4