Нови цени на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга
Агенцијата за пошти одобри нови цени за поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај во опфатот на универзалната услуга, со решение УП I бр. 02-81 од 20.01.2023 година, на барање за промена на цените поднесено од АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје.
Започнувајќи од 01.02.2023 година, АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје ќе ги применува новите цени за следните поштенски услуги:
1. Стандардизирано писмо - до 50 грама -цена 36,00 денари
2. Нестандардизирано писмо -до 50 грама - цена 36,00 денари
3. Стандардизирана картичка -до 50 грама -цена 16,00 денари
4. Нестандардизирано писмо -над 50 до 100 грама -цена 48,00 денари
5. Нестандардизирано писмо-над 100 до 250 грама -цена 60,00 денари
6. Гломазно писмо -над 250 до 500 грама - цена 80,00 денари
7. Гломазно писмо -над 500 до 1.000 грама - цена 128,00 денари
8. Гломазно писмо -над 1.000 до 2.000 грама - цена 176,00 денари