Агенцијата за пошти учествуваше на билатералниот скрининг за Поглавјето 3 „Право на основање и слобода на давање услуги, Кластер 2 - Внатрешен пазар

Претставници на Агенцијата за пошти, учествуваа на билатералниот скрининг за Поглавјето 3 „Право на основање и слобода на давање услуги, Кластер 2 - Внатрешен пазар.

Директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска учествуваше на билатералниот скрининг со Европската Kомисија за Поглавјето 3 „Право на основање и слобода на давање услуги“,Кластер 2 - Внатрешен пазар.

На скринингот во рамките на сесијата за Поштенските услуги, презентации одржа Данијела Спасиќ Томовска, раководителка на Директоратот за следење и анализа на пазарот во Агенцијата за пошти. Во рамките на состанокот беа презентирани теми и дадени одговри за регулаторната рамка, универзалната услуга, системот за лиценцирање, системот за посебното сметководство, статусот на Агенцијата за пошти, како и идните планови и предизвици.

Презентациите беа одлично оценети, а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истите ќе ги одредат регулаторните мерки и политики, како и активности на Агенцијата за пошти и следните реформски чекори во пристапниот процес.

На билатералниот скрининг учествуваа клучните институции кои се директно вклучени во скрининг процесот за Поглавје 3.

Агенцијата и понатаму останува силно посветена на усогласување со законодавството и Регулативата за прекугранична достава на пакети 2018/644 на Европската Унија и зајакнување на капацитетите во областа на поштенските услуги, со цел полноправно членство.

Image
aa
Image
bb
Image
bd
Image
bm