Спроведени надзори во 1-от квартал од 2023 година

slika

Согласно Годишната програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година бр.01-276/1 од 20.12.2022 година, во 1-от квартал од 2023 година од страна на овластени лица за вршење на надзор на Агенцијата за пошти беа извршени 2 редовни надзори.

  1. На 15.02.2023 година беше извршен редовен надзор кај давателот на поштенски услуги Глобал Мессаге ДООЕЛ увоз – извоз Скопје. Предмет на вршење на надзорот беше обезбедување на поштенските услуги согласно Законот за поштенските услуги и актите донесени врз основа на овој закон. Изготвен беше Записник бр. УП1 02-87 од 15.02.2023 година со наоди и дадени насоки за натамошно работење. Не беа констатирани прекршоци. 

  1. На 17.02.2023 година беше извршен редовен надзор кај давателот на поштенски услуги ЈОКАМ ПОШТА 2011 ДООЕЛ с.Дебарца. Предмет на вршење на надзорот беше обезбедување на поштенските услуги согласно Законот за поштенските услуги и актите донесени врз основа на овој закон. Во оваа постапка беше изготвен Записник УПI 02-85 од 24.02.2023 година со наоди и дадени насоки за натамошно работење. Не беа констатирани прекршоци.