Спроведен вонреден надзор над правен субјект кој обезбедува поштенски услуги без Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти
26.04.2023
Согласно член 73 и 76 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти спроведе вонреден надзор врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 од Законот за поштенските услуги врз правниот субјект НОУ ЛИМИТ ТЕХНОЛОЏИ ДООЕЛ Скопје- поради обезбедување на поштенски услуги без Општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.
За спроведениот вонреден надзор, составен е Записник за извршен надзор со УПI бр.02-90 од 20.04.2023 година и издадени се два прекршочни платни налози – еден за правното лице и еден за одговорното лице во правно лице.